Почетна / Филм / Видео | МТВ 1 со светска ТВ премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски

Видео | МТВ 1 со светска ТВ премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски

Премиерно светско телевизиско прикажување на МТВ1 – „ВРБА“ на Милчо Манчевски. Три приказни, три мајки, три различни судбини. Едната средновековна, двете современи, а сите од срце. Мајка не е таа што раѓа, мајка е таа што сака.

Во филмот игра млада екипа, актери како Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, а во останатите улоги се појавуваат Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортоше.

Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.“, знае да каже режисерот Милчо Манчевски.

Гледајте ја премиерата во недела (29 март) во 22:00 часот.

Премиерно светско телевизиско прикажување на МТВ1 – „ВРБА“ на Милчо Манчевски.Три приказни, три мајки, три различни судбини. Едната средновековна, двете современи, а сите од срце. Мајка не е таа што раѓа, мајка е таа што сака. Гледајте ја премиерата во недела во 22:00 часот

Gepostet von МРТ1 Промо am Montag, 23. März 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 25 април, Телма ќе ги емитува престижните награди Оскар 2021

„Оскари 2021“ ќе биде настан што ќе се емитува во живо од повеќе локации. Ноќта …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!