Почетна / Филм / Вестерн класик, трилер со Пијанистот и романса овој викенд на Сител

Вестерн класик, трилер со Пијанистот и романса овој викенд на Сител

Оваа сабота на 4. јануари продолжуваат кино класиците на телевизија Сител. Нешто по пладне ќе се емитува вестерн драмата од 1961 година – “Смртоносни сопружници”.

Филмот зборува за бивш армиски офицер кој откако по грешка ќе убие едно дете, решава да се искупи за својот грев, така што ќе ѝ помогне на ожалостената мајка да го пренесе телото преку пустината и да го закопа.

Саботната ноќ поминете ја со Пијанистот во криминалниот филм “Love the hard way”, кој ќе се емитува веднаш по последните Сителови вести. Овојпат го гледаме Адријан Броди во улогата на крадецот Џек кој една невина жена ќе ја вплетка во светот на криминалот и злоделата. Но, таа, од друга страна, го запознава криминалецот со убавината на светот, така што ќе го научи да ужива и да сака.

Во недела (5 јануари) во истиот термин, 23.30 часот ќе се прикаже семејната романса “Can’t buy my love” од 2017.та година. Што ќе превземе еден разгален богаташ за да биде со девојката која ја сака? Ќе може ли Џеф да ја купи љубовта на Лили со богатството на неговите родители?

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!