Почетна / Спорт / Уметникот Поповски со подарок слика за фамилијата на Мурато

Уметникот Поповски со подарок слика за фамилијата на Мурато

Александар Поповски со фрапантен гест во име на големиот спортски великан Мурато. Уметникот од Битола наслика слика во чест и сеќавање на првиот македонски спортист што ги искачи Хималаите, а сликата претставува подарок за фамилијата на Мурато.


Димитар Илиевски – Мурато (29 септември 1953, Битола – 10 мај 1989, Непал) е познат како првиот Македонец што го има освоено највисокиот планински врв во светот — Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат. Неговиот подвиг се смета за еден од најголемите успеси во македонскиот спорт.
Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија, а денес во негова чест се одржуваат бројни манифетсации и традиционален пелистерски марш.

Уметникот Александар Поповски од Битола наслика слика во чест на Диме Мурато

Покрај искачувањето на Монт Еверест во 1989 година, Диме се има искачено на голем број врвови во Македонија, на Балканот, во Алпите. Меѓу другото се има искачено на Монблан и поголем број врвови со алпинистички приоди во масивот на Монблан, потоа Матерхорн , Монте Роза, Грос Глокнер, Мармолада и значителен број врвови на Доломитите. Во 1982 година се искачи на Хуаскаран и тоа и на северниот и на Јужниот врв, како и на Хопикалки . Во 1984 се искачил на Врвот на Комунизмот во Памир. Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу стигна до 7500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.
Покрај големиот број тешки алпинистички искачувања во Алпите, тој е автор е на голем број првенствени насоки на Матка, Солунска Глава, Демир Капија, карпите околу Прилеп, на Пелистер, на Проклетие, на Вихрен и уште многу други планински масиви.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред светско, Македонија денес во пријателски дуел со Србија

Вечерва, Телма телевизија, 19.50 часот Веројатно стана традиција Македонија да игра контра пријателски натпревари со …