Почетна / Сапуници / Убавата селанка ќе добие „Подарено срце“ во новата серија на Сител

Убавата селанка ќе добие „Подарено срце“ во новата серија на Сител

Нова кратка серија ќе се емитува на Сител телевизија во 21.45 часот, веднаш по “Бруско”. “Подарено срце” е летна приказна за една голема љубов, во која ги гледаме актерите кои се прославија со улогите во Убавата селанка и Имотот на дамата.

Назли е млада девојка, весела и секогаш оптимист во животот, и покрај срцевата болест со која живее. За да се спаси нејзиниот живот е потребна трансплатација на срце, а доколку тоа набрзо не се случи, на убавата девојка ѝ претстои смрт. Во меѓувреме, за да му помогне на своето семејство, таа продава колачи на улица и на тој начин заработува.

Еден ден, на истанбулските улици го запознава богатиот бизнисмен Фират и двајцата се вљубуваат еден во друг. Тој ја внесува во светот на богатите, каде освен гламур и пари, владее и криминал и опасни игри во кои ривалите сакаат да го убијат и тргнат Фират од патот.

И покрај љубовта која ја чувствува кон Фират, сепак Назли живее со страв дека набрзо ќе умре и ќе заврши нивната приказна. Откако доаѓа моментот кога ќе ѝ се слоши, сите мислат дека смртта е на прагот. Но, денот кога срцето на Назли полека престанува да чука, нејзиниот татко прави неверојатен чекор за да ја спаси ќерката.

Тој, инаку возач на мајката на Фират, прави намерна сообраќајка како мајката на Фират би умрела и на тој начин, би се донирало нејзиното срце на Назли. Со тоа убиство, неговата ќерка добива ново подарено срце, а тајната за срцето набрзо потоа ќе почне да се открива.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!