Почетна / Серии / Телма ќе ја репризира и француската серија „Убиецот покрај езерото“

Телма ќе ја репризира и француската серија „Убиецот покрај езерото“

По “Тајната покрај езерото”, Телма ќе ја репризира и “Убиецот покрај езерото” чија прва епизода ќе се емитува на Телма во вторник, 11 март во 20.30 часот.

Во Анеси, Лиз Стокер, полицаец и Кловис Бувие, жандарм, водат мирен живот и се грижат за нивното прво дете Том, кој има само девет месеци. Мајката ја продолжи својата професионална кариера и сега се пред нов предивик да отворат тешка истрага и да се обидат да уапсат страшен убиец на жени…

Пронајдени се тела на две жени, убиени една по друга. Лиз и Кловис не се сомневаат дека е дело на сериски убиец. Ова на Лиз ѝ буди болни спомени, и таа мора да се соочи со своето минато. Кловис се соочува со своите демони, но, тие двајца ќе мора да се здружат и да работат како тим ако сакаат да успеат да го пронајдат убиецот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според веб страната, на Алфа премиерно оди серија која веќе завршила

Доколку ја посетите веб страната на телевизија Алфа, ќе забележите најава за српската серија Прваци …

error: Содржината е заштитена!