Почетна / Серии / Телма ќе ја прикаже германската воена драма „Unsere Mütter, unsere Väter“

Телма ќе ја прикаже германската воена драма „Unsere Mütter, unsere Väter“

Воена приказна за бесот, бруталноста, загубата и секако војната како најголемата глупост било кога и каде било. Нашите мајки, нашите татковци во режија на Филип Хаделбах по сценариото на Стефан Колдиц од 28. март на Телма во 20.15 часот.

Војната на генерациите е серија која во Германија предизвика многу контроверзи и јавни дебати, и веднаш привлече најмалку 7 милиони гледачи.


Во Берлин летото 1941 година, петорица пријатели се простуваат меѓу себе и секој оди по својот пат со желба да се сретнат повторно за Божик. На источниот фронт одат двајцата браќа, Вилхем кој е убеден во победата, и Фридхелм уметникот.

Шарлот, горда дека ќе ѝ служи на татковината, доаѓа со нив како медицинска сестра во воената болница, Грета која ја планира својата кариера како поп ѕвезда и нејзиниот пријател Виктор, Евреин чија судбина станува извесна или депортација или приклучување во партизанскиот отпор.

Оваа млади луѓе, се чувствуваат живо, енергично и бесмртно, но војната ќе ги принуди да не се видат на Божик 1941 година, туку дури во мај 1945… и нема сите да бидат таму.

Приказна за петте пријатели и многу повеќе луѓе кои ја изгубиле младоста во Втората светска војна. Приказна и портрет на неколку генерации, за нашите мајки и татковци, кои исто така биле жртви на тоа време.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега …

error: Содржината е заштитена!