Почетна / Забава / Видео | Тарабунов со моќна октомвриска балада на Макфест 2017

Видео | Тарабунов со моќна октомвриска балада на Макфест 2017

 

Еве со каква балада се претстави Александар Тарабунов на „Макфест 2017“ 

 

 

Вчеравечер беше одржана првата фестивалска вечер од реномираниот македонски фестивал Макфест 2017. По пребројувањето на гласовите од публиката и телевоутингот, по принципот евровизиски бод систем, направена е конечната листа на композиции кои се пласираа во финалето, а кои отпаднаа. Во прилог е листата:

 

 

Вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер на Макфест 2017, а во прилог е песната со која Александар Тарабунов настапи вчеравечер трет по ред. Музиката и текстот се дело на Ристо Самарџиев, а за аранжманот се погрижи Владимир Дојчин, слушнете ја „Ако заминеш“.

  

АКО ЗАМИНЕШ

КО БЕЛ ГУЛАБ МАЛ
ДОЈДЕ ТИВКО НА ПРОЗОРЕЦ МОЈ.
ШТО СРЕЌА МИ ДАЛ
ОНОЈ ПАТ ШТО ТИ ПОКАЖА ТВОЈ.
ПА НА МЕД МИ ЗАМИРИСА СЕ.
ЅВЕЗДЕН ПРАВ СРОНИЈА ЅВЕЗДИТЕ.

А СОНОТ Е СОН
АМА ЖИВОТОТ ИМА СВОЈ ТЕК.
И ЏАБЕ Е ТОЈ АКО СРЦЕТО НЕ НАЈДЕ ЛЕК.
А ЗА СРЦЕВО ЛЕКОТ СИ ТИ.
МОИ УТРА И НОЌИ И ДНИ.

АКО ТИ ЗАМИНЕШ
ЕДНА ЅВЕЗДА ПО ТЕБЕ ЌЕ ИЗГАСНЕ.
АКО ТИ ИСЧЕЗНЕШ
БАРЕМ ОДНЕСИ СЕ ШТО СМЕ ИМАЛЕ.
ТРОШКА ЉУБОВ ДА ОСТАНЕ
СРЦЕ ВЕЧНО ЌЕ БОЛУВА ПО ТЕБЕ.

КО ШЕПОТ ВО МРАК,
ЕДНА ЉУБОВ МИ РАСКАЖА СОН.
РАСКАЖИ ЈА ПАК.
ТИ ВО СРЦЕВО ИМАШ СВОЈ ДОМ.
ТОА ЗНАЕ ШТО СЕ СИ У ТИ,
МОИ УТРА И НОЌИ И ДНИ…

АКО ТИ ЗАМИНЕШ…

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трип хоп бендот „Hooverphonic“ на 29-ти март во Филхармонија

Ако во животот постојат концерти што се прават од љубов, тогаш тоа е следниот концертен …