Почетна / Серии / Танцуваме и истражуваме со новите епизоди на „Дора и пријателите“

Танцуваме и истражуваме со новите епизоди на „Дора и пријателите“

Драги дечиња, растете вие, но расте и вашата Дора. Дора е сега 10-годишно девојче. Живее во Калифорнија, оди на училиште и има пет пријатели.

Кејт ја сака уметноста, Ема ја сака музиката, Алана ги сака спортот и животните, Неива ужива во читањето, а Пабло во играњето фудбал. Сите заедно, Дора и пријателите ве водат во нови авантури додека го истражуваат новиот град во новите продолженија на МРТ 1.

Од среда (10 јуни), забава и едукација за најмалите гледачи – следуваат нови доживувања на Дора и пријателите. Ќе учите англиски и шпански, но и ќе запловите во магичниот свет преку алката на Дора.

Нови 20 епизоди од анимираната серија „Дора и пријателите“, од понеделник до петок во 18.55 часот и 11.15 часот на првиот канал на Македонската телевизија. Танцуваме, учиме и истражуваме во новата сезона од вашата омилена детска серија, не пропуштајте ја Дора на Прва.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!