Почетна / МК Сцена / Супербрендот Каролина гостинка во новогодишното шоу „Преспав“

Супербрендот Каролина гостинка во новогодишното шоу „Преспав“

Новогодишна прослава на Македонската телевизија со шоуто кое ќе ни го приредат омилените ликови од хит серијата “Преспав”. Германката Ула, алкохоличарот Миле, хрватскиот геј кувар Марио и “вредната” рецепционерка Јелена ќе ја развеселат најлудата ноќ со свои настапи и вистинско шоу од 21 часот на 31-ви декември.

Покрај нив, гостин во емисијата ќе биде и македонскиот супербренд Каролина. Таа ќе ги отпее највеселите песни од нејзините проекти на новосоздаден етно жанр, а заедно со јунаците од Преспа ќе ја отпее и “Во коси да ти спијам” од легендарниот Тоше Проески. Погледнете ја најавата и доколку останете дома за новогодишната ноќ, уживајте во шоуто на “Преспав” :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

error: Содржината е заштитена!