Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Снеже Велков се враќа на малите екрани со ток шоу на ТВ Телма

Снеже Велков се враќа на малите екрани со ток шоу на ТВ Телма

Водителката Снеже Велков се враќа на малите екрани со новата ТВ емисија „Нешто конкретно“ која ќе се емитува секоја недела во 14.30 часот на Телма телевизија.

Се работи за ток шоу во кое ќе гостуваат наши познати личности, спортисти, актери, музичари кои ќе одговараат на провокативните прашања на Велков на кои вообичаено не одговараат. Забавна емисија во која тема на муабет ќе бидат женко – машките односи и сите “табу” теми за кои ретко јавно се зборува.

Постојат ли вистински мажи и како тие треба да изгледаат? Како се доживува моментот кога PMS доаѓа во посета на секое семејство? Зошто мажите и жените се подоцна, или воопшто не стапуваат во брак? Има ли вистински мажи во државава? И дали и како облеката го прави човекот? Има ли втора шанса зa прв брак?

„Нешто убаво” (Ребека)  е насловна тема на емисијата чии стихови ја потенцираат сржта на истата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумба: „Не можам да најдам алишта, не ме фрустрира тежината, туку понудата”

„Нешто конкретно” оваа недела со тема – комплекси. Како се излегува на крај со искомплексираните …

error: Содржината е заштитена!