Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Сител е единствена македонска телевизија која емитува светски формати

Сител е единствена македонска телевизија која емитува светски формати

Сител телевизија е единствената национална телевизија која емитува домашни верзии на познати лиценцирани светски формати и тоа :

“Се или нешто”, македонска верзија на светското гејм шоу “Deal or no deal”, кое оригинално потекнува од Холандија, а светски стана познато со американската верзија на NBC која минатиот месец се врати на истиот канал на огромно задоволство на американската нација.

“Брза кујна”, македонска верзија на кулинарското гејм шоу “Ready steady cook” на BBC, кое се емитува во светот од 1994 година. Многу земји направија свои верзии како Грција, Финска, Германија, Италија, САД, Австралија, Полска, а во Македонија на Сител се емитува од 2015 година.

“Листа за 300”, лиценциран формат на ITV International. Оригиналниот американски формат “The rich list” освен во Македонија, доби свои верзии и во Австралија, Велика Британија, Франција, Германија, Грција, Шпанија, Ирска, Нов Зеланд итн.

Ова се формати кои се прават по строги правила и надзор од страна на странски продуценти кои се носители на франшизата.

Во моментов, НИЕДНА македонска телевизија освен Сител не откупува и не емитува вакви светски шоу програми.

Па дури и на Сител, ништо ново и свежо во последниве години, сите три формати се почнати уште минатата деценија.

Дали можеби се работи за недостаток на финансии, за неможност за адаптација на новото време или едноставно за заглавеност на македонските телевизии во 90тите години од минатиот век со контактни, фолк и кулинарски емисии?

Секаде во светот, овие формати се особено гледани и ценети од гледачите, но што е со нашата земја? Зошто не се продуцираат од секоја телевизија ?

Зошто само телевизија Сител е единствена која успева да откупи и снима вакви шоуа и зошто ниедна друга телевизија не го следи нејзиниот пример или примерот на А1 која исто така во голем дел од програмата емитираше светски формати (Идол, Милионер, 50 50, Ба ба бум, Тркало на среќата, Момент на вистината) …

… или земаа учество во регионални шоу програми (Срвајвер, Икс фактор, Операција Триумф, Твоето лице звучи познато, Големиот брат).

Да не заборавиме – А1 ова го правеше од почетокот на 2000тите години, а сега сме 20+ години подоцна. И не само што ништо не е променето, туку и големите шоу програми и светски лиценци се бројат на прсти. Но, на прсти на една рака.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Motocast” на Канал 5 ги оживува приказните за моторџиите

Секоја среда по 23 часот, нов подкаст на Канал 5. MOTOCAST е подкаст посветен на …

error: Содржината е заштитена!