Почетна / Серии / Видео | „Сенки над Балканот“ продолжува со втора сезона на МТВ 1

Видео | „Сенки над Балканот“ продолжува со втора сезона на МТВ 1

Втората сезона од најгледаната српска серија „Сенки над Балканот“ од 5-ти јануари ексклузивно на Македонската телевизија. Секоја недела во 21.45 часот следете “Сенки над Балканот”.

„Сенки над Балканот“ е спектакуларен спој на акција и драма, мистерија и возбуда, која се одвива од калливите улици на Јатаган маало, сѐ до блескавите виенски коридори на власта. Структурата и драматургијата на втората сезона е комплексна и повторно ќе проследиме неколку паралелни приказни кои на крајот сите ќе се преточат во една.

Главните ликови Тане (Драган Бјелогрлиќ) и Станко (Андрија Кузмановиќ) се повторно заедно, во средиштето на мистеријата од која во цела Европа може да настане хаос. Сојузништва се склопуваат и се раскинуваат, љубовни врски се раѓаат и се распаѓаат, пријателот ќе направи предавство, а непријателот ќе менува страни бидејќи сите се борат за своја превласт.

Меѓународни завери, тајни организации, екстремна идеологија, војни за нарко бизнисот и декаденција се дел од историската позадина и возбудливата потрага за решавање на мистеријата од свирепи злосторства кои го потресуваат Белград во 1934-та година.

Улогиите ги толкуваат Марија Бергам, Ненад Јездиќ, Горан Богдан, Јована Стојиљковиќ, Милош Самолов, Срѓан Жика Тодоровиќ, Гордан Кичиќ, Никола Ѓуричко, Небојша Дугалиќ, Бранимир Брстина, Марко Живиќ, Тони Михајловски и Петар Арсовски, како и новите актери Наташа Нинковиќ, Леона Парамински, Богдан Диклиќ, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж и Игор Ѓорѓевиќ.

https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/1489585851197389/?t=2

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!