Почетна / Филм / Секој петок филмски класици на МРТ 1, стартот е со „Казабланка“

Секој петок филмски класици на МРТ 1, стартот е со „Казабланка“

Не е важно дали сте филмски зависник или едноставно, повремено сакате да се релаксирате со некој добар филм, но кога ќе одберете, сакате да го одберете најдоброто. Затоа, МРТ 1 го носи најдоброто од филмските класици на сите времиња.

Секој петок по 23 часот ќе уживате во вонвременските приказни, а стартот на 25 февруари е со “Казабланка”, култен американски романтичен филм, чие дејство се одвива во француски-контролираното Мароко, во градот Казабланка за време на Втората светска војна.

Главните улоги ги имаат Хемфри Богарт како Рик Блејн и Ингрид Бергман како Илса Лунд. Филмот се фокусира на внатрешниот конфликт на Рик, по зборовите на ликот, меѓу љубовта и моралноста: тој мора да избере меѓу неговата љубов кон Илса и правејќи ја вистинската работа, помагајќи ѝ нејзе и на нејзиниот сопруг Виктор Ласзло, водач на отпорот, да побегнат од Казабланка за да продолжат со нивната борба против фашистите.

Иако филмот претставува едно од најголемите остварувања на седмата уметност, со докажани глумци и првокласни сценаристи, никој за време на продукцијата не очекувал Казабланка да биде нешто повеќе од просечен филм.  „Казабланка“ освои три оскари во 1943, вклучувајќи Оскар за најдобар филм. Ликовите, цитатите и музиката денес имаат статус на легендарност. Филмот постојано се рангира близу врвот на листите на најдобрите филмови на сите времиња.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сабота на Телма акциониот трилер „Every last one of them“

Поранешниот војник специјалец за тајни операции, Џејк Хантер, очајно сака да ја пронајде својата исчезната …

error: Содржината е заштитена!