Почетна / Филм / Саботна филмска ноќ на Телма со скандинавска воена драма

Саботна филмска ноќ на Телма со скандинавска воена драма

📅 сабота, 3 декември, Телма
⏰ 22:15 – Изборот на кралот

Филмот е снимен во 2016-та во режија на Ерик Попе, меѓу најпознатите во Норвешка. Базиран е на вистинска приказна за трите драматични денови во aприл 1940.

Норвешка беше нападната од Германија и кралот Хакон VII, кралското семејство и владата побегнаа во внатрешноста на земјата. Германскиот пратеник во Норвешка, Курт Брауер, се обидува да преговара за мир.

На кралот на Норвешка му е даден незамислив ултиматум од германските воени сили: Да се предаде или да умре! Кралот Хакон ја донесува својата одлука – одбива да капитулира, иако тоа може да го чини неговиот живот и животите на многу Норвежани.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Необичната романса „Palm Springs“ сабота навечер на Телма

Необична романтична комедија во која две непознати лица, гости на свадба, се наоѓаат во бесконечна …

error: Содржината е заштитена!