Почетна / Сапуници / Руски серии се рекламираа на Алфа, но не го видоа светлото на денот

Руски серии се рекламираа на Алфа, но не го видоа светлото на денот

Уште во декември започна најава на Алфа телевизија за нов руски ситком “Фитнес”, кој требаше да започне наскоро, како што се велеше во промото.

Резултат со слика за фитнес наскоро алфа

Долго време, сѐ до почетокот на февруари, гледачите секојдневно ја следеа најавата за комичната серија и се прашуваа кога би почнала конечно. Но, по два месеци рекламирање, наместо да започне со емитување, одеднаш… Алфа го тргна промото за “Фитнес”, и од серијата веќе нема ни трага ни глас.

Резултат со слика за фитнес наскоро алфа

Истото се случува и со уште руска серија, и тоа крими драмата “Хотел Русија” која Алфа ја најавуваше дека ќе стартува од 19 февруари. 19 февруари беше и помина, но од “Хотел Русија”, не видовме ни “Х”. Нормално, промото за серијата повеќе не се емитува.

Резултат со слика за хотел русија алфа

Зошто телевизија Алфа најавува содржини кои воопшто не ги емитува? Дали гледачите и читателите на ТВ Пакет заслужуваат да знаат кога ќе почнат сериите кои се најавувале и ги очекувале?

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!