Почетна / Забава / Талија најави нов албум по 4-годишна пауза

Талија најави нов албум по 4-годишна пауза

 

Мегапопуларната латино-американска пејачка, гордоста на Мексико, конечно го одреди датумот за промоцијата на својот нов музички албум. Талија, на својот профил на Твитер вечерва објави фотографија која ги израдува милионите фанови ширум светот што постојано и го следат чекорот.

 

 

Имено, нејзиниот музички албум 11-ти по ред ќе биде издаден на 19. ноември. Снимен е во студиото на Sony Music Latin, го носи насловот „Habitame Siempre“, а како соработници на Талија се потпишаа Роби Вилијамс, Мајкл Бабл, Принц Ројс и Гилберто Санта Роса, меѓу другите. Албумот го најавува нејзиното враќање на музичката сцена по долга пауза од 4 години, а се смета за еден од најочекуваните албуми за 2012. година во светот на латино-американската музика.

 

 

Талија на овие простори уживаше огромна популарност во периодот кога Македонската телевизија ја емитуваше серијата „Росалинда“, каде таа ја толкуваше главната улога. Популарноста на серијата им годеше и на музичките продавници кои продадоа илјадници примероци од албумот „Amor a la Mexicana“ што тогаш се сметаше за најпродаван албум од Талија.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Бебек ја поканува публиката на концертите во Охрид и Битола

Видео поздрав од легендарниот Жељко Бебек, по повод претстојните концерти кои ќе се одржат овој …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!