Почетна / Серии / Продолжението на култниот ситком „Full house“ на МРТ 1

Продолжението на култниот ситком „Full house“ на МРТ 1

Фамилијата што некогаш беше дел од вашето секојдневие, се враќа на малите екрани, но овојпат со многу повеќе членови, па куќата што некогаш беше полна, сега ќе биде преполна. Во обновената серија некогаш „Полна куќа“, а сега „Преполна куќа“ погледнете како некои навики времето очигледно не ги сменило.


Комедијата е создадена од Џеф Френклин како сиквел на популарниот телевизиски ситком Full House, кој првично беше прикажан од 1987 до 1995 година, а одамна емитуван на истата фреквенција на МРТ.

Главниот лик е Д.Џ. Танер-Фулер, ветеринарка, вдовица и самохрана мајка која живее во Сан Франциско со нејзините три сина, сестрата Стефани, најдобрата пријателка Кими и нејзината ќерка. Повеќето од актерската екипа од претходната серија ги повторија своите улоги, или како главни актери или како актери гости.


Од понеделник до петок на првиот канал на Македонската Телевизија во 21.00 часот ќе се емитува ситкомот „Преполна куќа“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред летните одмори, потсетување на „Фитнес“ на МТМ телевизија

Репризно емитување на рускиот ситком. Од понеделник, 9 мај во 21.50 часот, со повторна реприза …

error: Содржината е заштитена!