Почетна / Забава / Познатиот виртуоз на виолина Ара Маликиан ја отсвири „Јовано Јованке”

Познатиот виртуоз на виолина Ара Маликиан ја отсвири „Јовано Јованке”

Веќе добро знаете дека еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, Ара Маликиан, на 18 октомври за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во „Македонска филхармонија”.

Токму по тој повод, светски познатиот виртуоз на виолина испрати покана до сите негови фанови во Македонија, свирејќи ја македонската песна „Јовано Јованке” за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби бројни комплименти.

Дали знаевте дека Ара Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, а свој концерт одржал и на стадионот Сантјаго Бернабеу.
· Има снимено 30 албуми во период од 25 години.
· Настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио.
· Има добиено безброј награди и признанија, а двапати бил номиниран за најдобра класична изведба на Музичките награди во Шпанија.
· На само 14 години бил повикан да студира на престижниот
· Во својот репертоар освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па се до Лед Цепелин и Николо Паганини.

Маликиан сака да се поврзе со својата публика. Знае да каже дека она што денес го прави, не е ниту за телевизиите, ниту пак за менаџерите. Тоа е за публиката, која не бара совршенство, туку да слуша композиција која звучи исто како што звучела пред 300 години. Затоа што публиката сака да биде трогната.

А македонската публика со сигурност ќе биде трогната на 18 октомври, кога на сцената во „Македонска филхармонија” ќе застане виртуозот на виолина Ара Маликиан.

Концертот на Ара Маликиан во Скопје ќе биде еден и единствен кој нема да има реприза, затоа побрзајте!

Влезниците имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија” на иста сцена во Скопје

Фестивалот “Scream” се враќа на голема врата на 9 ноември во „Арена Борис Трајковски” во …

error: Содржината е заштитена!