Почетна / Филм / Месец на руски филмови на Сител – оваа недела „Мразокршач“

Месец на руски филмови на Сител – оваа недела „Мразокршач“

Вистинска приказна во ледените води на Антарктикот. Руски брод со искусен екипаж е пресретнат од гигантска санта мраз што им се доближува.

Откако еден член несреќно умира, нов капетан е испратен на бродот – Валентин Севченко, бескомпромисен и императорски човек. Тој веднаш влегува во пресметка со стариот капетан Андреј Петров, обвинувајќи го за невнимание за несреќата што се случила.

Под контрола на Севченко, мразокршачот останува заглавен во санта мразот цели 133 дена. Како да избегаат и кој да им помогне во големото пространство мраз, дознаваме оваа недела на Сител во 23.45 часот.

Месец на руски филмови на Сител, секоја недела пред полноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Необичната романса „Palm Springs“ сабота навечер на Телма

Необична романтична комедија во која две непознати лица, гости на свадба, се наоѓаат во бесконечна …

error: Содржината е заштитена!