Почетна / Сапуници / По Македонија, „Женкар“ стартува и во други 50 земји во светот

По Македонија, „Женкар“ стартува и во други 50 земји во светот

По Македонија, најновата турска хит серија “Женкар” стартува и во другите земји од регионот. Па така, следна на ред е Хрватска каде ќе се емитува на националната Нова секој работен во 21 часот, а потоа и на албанската Клан.

Серијата е снимана според вистинска приказна, според записите и сведоштвата на најпознатиот психијатар во Истанбул.

Ферит, Сејран и Пелин се реални ликови, а продуцентката е истата онаа што ја продуцираше „Истанбулската невеста“. Психолошката обработка на ликовите е реална, семејството Корхан е реално, па и во вистинскиот живот исто се занимавало со бизнис за накит.

Серијата е една од најгледаните во последните години, а воедно и една од најпродаваните овој период. Минативе денови е продадена во 12 земји во Латинска Америка (Чиле, Парагвај, Мексико, Панама, Перу, Еквадор…), како и во Шпанија, Шведска, Финска, Индија, Пакистан, Унгарија, Литванија, Узбекистан, Јужна Африка, Намибија, Романија, Бугарија, Грузија, Босна и Херцеговина…

Воедно се работи и за прва турска серија која ќе се емитува на Средниот Исток и северна Африка откако тамошните радиодифузери ставија забрана за турски серии во 2018-та година.

Од понеделник до петок во 22.35 часот на Канал 5 телевизија ги следите последните недели од првата сезона на љубовната драма, во кои ќе дознаете што ќе се случи со вашиот омилен телевизиски пар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!