Почетна / Забава / Отворен нов датум за стенд-ап дуелот на годината – првиот распродаден

Отворен нов датум за стенд-ап дуелот на годината – првиот распродаден

Поради рекордно распродадениот прв термин и огромниот интерес од публиката, актерите Марјан Георгиевски и Бојан Велевски најавија втор, нов термин и тоа на 16 февруари во „Македонска опера и балет“.

По успешната распродадена прва претстава во МНТ, овој пат спектаклот се сели во еден од најпрестижните културни простори – Македонската опера и балет, каде што публиката ќе може да ужива во уште поголем амбиент и уште пожестока комична пресметка!
Две спротивни сили, Трифун (Марјан Георгиевски) и Валентајн (Бојан Велевски), ќе се судрат на сцената на Македонската опера и балет со најлудиот стенд-ап двобој што сте го виделе!

За вљубените, за оние што го слават Трифун, и за сите што сакаат да се смеат до солзи – ова е вечер што нема да ја заборавите!

Ако првиот пат пропуштивте – ова е вашата шанса! Не чекајте второ распродавање – обезбедете си карта на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатиот водител прашува – оти не го кладе косовското знаме по грешка?

Македонскиот водител Богдан Илиевски со своја саркастична изјава во негов стил се огласи на социјалните …

error: Содржината е заштитена!