Почетна / Серии / Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24
ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ВО 23.30 ЧАСОТ - нова сезона

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и писател, кој е женет 20 години и има четири деца. Алисон е млада келнерка и сопруга од Монток, Лонг Ајленд. Провокативната драма се прикажува одделно од повеќе перспективи, користејќи ги сеќавањата на секој од ликовите.

ТВ 24 започна со емитување на премиерната 4. сезона од серијата, а во новите епизоди видовме како Ноа, Алисон, Хелен и Кол патуваат во надеж дека ќе најдат нови врски и нов почеток. Но, како што се навраќа минатото, тие се прашуваа зошто нивните животи постојано се вкрстуваат.

Ноа се обиде да се прилагоди на својот нов живот по преселбата во Лос Анџелес за да биде поблиску до децата. Тој се обиде да допре до надарениот, но проблематичен студент Арон. Хелен конечно го откри изворот на својата анксиозност, но ја дочека нова катастрофа. Кол се обиде да спречи однесувањето на Алисон да уништи една важна зделка, додека правниот статус на Луиза се закануваше на нивната иднина.

Идните денови, ќе видиме како Вик одлучува дека е време да живее за себе. Но дали е подготвен да се соочи со последиците? Кол го запознава Нан, стар пријател на татко му, кој го праќа на патување за истерување на духовите од минатото. Алисон открива нешто за својот татко, како и уште нешто за Бен, што на крајот ја носи назад кај Ноа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …