Почетна / Сапуници / Неочекуван пресврт oчекувајте во следните епизоди на „Фазилет“

Неочекуван пресврт oчекувајте во следните епизоди на „Фазилет“

Неверојатен пресврт во следните епизоди од вашата омилена серија “Ќерките на Фазилет”. Секоја вечер во 21.15 часот, веднаш по трогателната сага “Далеку од дома”, следете ги новите и уште повозбудливи епизоди од Фазилет.

Шокантен тек на настаните. Неочекувани заплети. Драма што ќе ви ја заледи крвта. Љубов што ќе ви ги растрепери срцата. Скандали кои допрва ќе ве остават без здив. До каде ќе оди желбата на амбициозната мајка за своите разурнати соништа да ги оствари преку своите ќерки? Колку е голема желбата за пари за да се згази целото човеково достоинство?

Бидете со “Ќерките на Фазилет” и очекувајте го најбомбастичниот пресврт некогаш виден на тв екраните. Она што се чини невозможно за Фазилет ќе стане реалност. Она што ни најмалку не го очекувате за ќерките на Фазилет ќе стане вистина. Кога сонот станува јаве, тогаш драмата добива на интензитет и пресвртницата во дејството навестува невидени вечери поминати со “Ќерките на Фазилет”, ексклузивно на Сител ТВ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Погледнете како изгледа најновата хрватска новела

Нова теленовела започнува оваа есен на хрватската телевизија Нова, која се снима во Опатија и …