Почетна / Серии / МРТ 1 со летна реприза на „UnREAL“, серијата за едно реално шоу

МРТ 1 со летна реприза на „UnREAL“, серијата за едно реално шоу

Од вторник до петок по 23 часот, следува реприза на првата и втората сезона од “Нереално” на МРТ 1. Серијата нѐ води во светот на снимањето на едно реално шоу, сите драми и скандали кои се случуваат зад камерите.

Ѕирнете повторно во хаосот зад кулисите на снимањето на “Everlasting”, реално шоу кое се занимава со барање на партнери. Главната јунакиња е Рејчел Голдберг, млада продуцентка чија единствена цел е да манипулира со меѓучовечките односи на натпреварувачите во шоуто, како би постигнала драматичен заплет и провокативни снимки какви што од неа побарува изршната продуцентка Квин Кинг.  Се запознаваме со целата скандалозна екипа на шоуто, но и со самите натпреварувачи.

Возбудата може да почне. Натпреварот е во тек, борбата за прво место е сѐ поголема и сѐ поопасна. Сето тоа што се случува во реалното шоу е сѐ, освен нешто реално.

Магијата на телевизијата е заводлива, но што се случува зад камерите? Шармантниот и богат дечко ја бара идната сопруга, а кандидатките со желба за успех ќе ја почувствуваат само суровоста на шоубизнисот! Телевизиска сензација која не смеете да ја пропуштите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!