Почетна / Филм / По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

Време на револуција и идеологија, време на пожари и поројни дождови. Време на разделби и отуѓувања! Во виорот на невремето, македонскиот човек е неизбежната жртва која ја плаќа најдебелата цена. Желбата на еден систем за власт и превласт прави луѓето да се отуѓат еден од друг, и да ги заборават сличностите помеѓу себе и во себе да гледаат непријател.

Дело на Живко Чинго, во режија на Иван Митевски. “Заминување од Пасквелија” е македонски филм од 1992 година кој вечерва (3 ноември) ќе го следите на Наша ТВ во 20.30 часот. Главните улоги ги толкуваат Илија Милчин, Данчо Чевревски, Синоличка Трпковска, Мето Јовановски, Перо Арсовски, Софија Куновска, Коле Ангеловски и Благоја Спиркоски Џумерко.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мисија Лондон“ овој вторник во балканското кино на Телма

Балканско кино на Телма, секој вторник во 19.10 часот. Понеделник, среда и петок во тој …