Почетна / Спорт / Леброн по трет пат е спортист на годината според „Sports Illustrated“

Леброн по трет пат е спортист на годината според „Sports Illustrated“

Американското спортско списание „Sports Illustrated“ по рекорден трет пат го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината. Кошаркарот на Лејкерс стана првиот спортист што ја добил оваа награда по трет пат. Претходно, Леброн беше избран за спортист на годината во 2012 и 2016 година.

Џејмс минатата сезона ја освои четвртата титула во НБА-лигата. Претходно има освоено шампионски титули со Мајами (2012, 2013) и Кливленд (2016). Сезоната 2019/20 Џејмс ја заврши со просек од 25,3 поени, 7,8 скока, 10,2 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ ќе го пренесува светското првенство во ракомет 2025

Македонскиот национален ТВ сервис, МТВ, ќе ги пренесува натпреварите од претстојното Светско првенство во Хрватска, …

error: Содржината е заштитена!