Почетна / Сапуници / Реприза на турската серија „Црно срце“ на Канал 5 во 23 часот

Реприза на турската серија „Црно срце“ на Канал 5 во 23 часот

За време на летниот период (од 20 јули), Канал 5 телевизија ќе ја репризира серијата “Црно срце”. Од понеделник до петок во 23 часот реприза на приказната за Сумру и двете деца кои ги оставила по породувањето.

Години подоцна, нејзините деца, веќе пораснати решаваат да ја побараат мајката и да се појават изненадно во дворецот каде живее таа.

Иако Сумру се обидува да ги држи децата што ги отфрлила подалеку од своето семејство, Мелек и Нух постепено ќе се инфилтрираат  во нејзиното ново семејство.

И додека тајните постепено почнуваат да се откриваат, во животот на големото семејство се појавува злобниот Тахсин кој е решен да се одмазди за долговите од минатото.

Интригите започнуваат, огновите се разгоруваат, приказната дополнително се заплеткува …

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За новата сезона, хрватската Нова со две домашни драмски серии

По завршување на летната сезона, од септември, хрватската Нова телевизија во програмата ја враќа маратонската …

error: Содржината е заштитена!