Почетна / Сапуници / Италијанската историска романса „Женски рај“ на програмата на ТВ 24

Италијанската историска романса „Женски рај“ на програмата на ТВ 24

По италијанскиот хит “Прашање на чест”, телевизија 24 и оваа сезона за своите гледачи ќе понуди италијанска драмска серија. Од понеделник до петок во 18.30 часот ќе се емитува “Женски рај”, телевизиска серија, направена по романот “Кај женскиот рај” на Емил Зола од 1883 година. За разлика од романот, во серијата, дејството е сместено во Милано во 1956. година.

Тереза, млада и убава девојка, чиј татко ја тера да се омажи за Салво, синот на градоначалникот на малото место во кое живеат. Тврдоглавата и своеволна Тереза го остава свршеникот и од Сицилија заминува во големиот град Милано, во потрага по среќа. Таму се надева дека ќе се вработи во продавницата на чичко ѝ, но кога ќе пристигне, дознава дека чичко ѝ е на работ на банкрот и е обвинет дека запалил комбе на престижната стоковна куќа “Женски тај”, поради што и ја изгубил работата.

Но, ете… судбината сепак ја поврзува со таа модна куќа. Тереза се пријавува на конкурс за асистентката во големата продавница, и по низа перипетии, успева да се вработи, покажувајќи дека е амбициозна и сигурна девојка, која за брзо ќе ја стекне довербата на другите вработени. Таму, Тереза се вљубува во Пјетро Мори, сопственикот на стоковната куќа.

Тоа е млад претприемач со таинствено минато, кој по патувањето во САД и по војната, успеал да отвори елегантна и модерна стоковна куќа, која станала најпозната во цела Италија. Во светот на убавината и луксузот, сиромашната девојка е пред предизвикот да се справи со “Женскиот рај” и да ја истакне храброста и независноста на жените во тоа време на економска бура и предрасуди.

Љубовта кон Пјетро е нејзина ѕвезда водилка, но работите се менуваат кога ќе биде приморана да се врати на Сицилија, поради ветувањето на татка си кон градоначалникот.

Улоги : Giusy Buscemi (Тереза), Giuseppe Zeno (Пјетро), Alessandro Tersigni (Виторио), Christiane Filangier (Клара), Giulia Vecchio (Ана) и др.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!