Почетна / Серии / Хумор и забава во летниот ситком „Летеркени“ на Прва Скопска

Хумор и забава во летниот ситком „Летеркени“ на Прва Скопска

Време за многу смеа… и многу забава.

Канадска хумористична серија со 58 номинации и добитничка на 24 телевизиски награди од понеделник до петок на Прва Скопска ТВ во 18.15 часот.

Во фиктивното место во Онтарио ќе ги следиме згодите и незгодите на жителите на ова гратче, кои на еден интересен начин ќе успеат да нѐ расположат и да ни ги пренесат нивните секојдневни проблеми и решенија.

Во центарот на дејството се братот и сестрата Вејн и Кејти, кои водат мала фарма, а со помош од пријателите Дарил и Сквирли Ден.

Освен фармерите, тука се и неколку играчи на хокеј, обожавателите на теретаната, свештеникот Глен, зависниците од дрога и така натака.

Сите овие ликови, заедно ќе мора да соработуваат, а со цел да го одржат животот во градот и да се справат со сите искушенија кои им претстојат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

error: Содржината е заштитена!