Почетна / Серии / Хит серијата за кралот на пеколот „Луцифер“ ова лето на Телма

Хит серијата за кралот на пеколот „Луцифер“ ова лето на Телма

Овде Ѓаволот не носи Прада, но затоа земал неплатен одмор од пеколот за да живее меѓу смртниците на Земјата.

Американската хит серија “Луцифер” ексклузивно ова лето на телевизија Телма. Од понеделник до петок во 20.35 часот премиерно на Телма. Првата епизода стартува на 15-ти јули!

Луцифер, на кој му здодеал животот во пеколот, отишол да живее во Лос Анџелес каде отворил ноќен клуб, но во ниту еден момент не помислил дека ќе ги користи своите способности и бесмртност за да им помага на луѓето. Тој има неверојатна моќ да ги извлече на површина најдлабоките и најлошите желби и мисли кај смртниците, без тие воопшто да знаат дека гласно ги изговараат.

Токму таа способност ќе му овозможи соработка со полицијата, поточно со една мистериозна детективка Клои која уште во првиот момент ќе го привлече неговото внимание.

Том Елис без сомнение одлично ја одигрува својата улога и со својот шарм за само неколку секунди ќе го освои вашето срце. Исто како и неговиот лик, Луцифер кој борбата со криминалот ќе ја тера ова лето ексклузивно на Телма.

Станува збор за интересна и лесна за гледање ТВ серија која без сомнение ќе ве насмее и расположи. Таа е одлична за оние моменти кога едноставно ви е преку глава од сè. Опуштете се во тропските горештини заедно со ”Луцифер” на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова

Oд понеделник до петок во 21 часот на кабловската Нова С се емитува американската драма …