Почетна / Филм / Француска драма на Телма и психолошки трилер петочки на МРТ

Француска драма на Телма и психолошки трилер петочки на МРТ

Во петок, 9 септември на Телма во 22.15 часот ќе се емитува француско белгискиот филм “Блиски непријатели”. Родени и израснати во предградие полно со дрога, Дрис и Мануел беа како браќа. Но, тие двајца сепак тргнале по сосема поинакви патишта: Мануел станува дилер на дрога, додека Дрис целосно го отфрлил таквиот живот и станал полицаец.

Кога пропаѓа најголемата зделка на Мануел во неговата дотогашна кариера, двајцата повторно се среќаваат и сфаќаат дека ќе си бидат потребни еден на друг за да преживеат, секој во својот свет. Помеѓу предавството и огорченоста и покрај нивната омраза, тие полека ја обновуваат својата стара врска врзана за единственото нешто што им е заедничко: длабоката поврзаност со местото на нивното детство.

Истиот ден на првиот канал на МТВ во 23.10 часот ќе го гледате психолошкиот трилер со Џоди Фостер како “Бестрашна”.

На радиоводителката од Њујорк, Ерика Бејн животот сосема ќе ѝ се смени, по бруталниот напад во кој е тешко ранета, а нејзиниот свршеник е убиен. Таа нема капацитет да ја надмине трагедијата и почнува навечер да талка по улиците за да ги пронајде виновниците.

Нејзината потрага по правдата го привлекува вниманието на јавноста и целиот град станува опседнат со нејзините анонимни акции. Пиштолот што таа го зема в раце станува нејзина реалност во намерата да се заштити од невидливиот непријател.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!