Почетна / Серии / Нова американска серија наскоро на Fox Life

Нова американска серија наскоро на Fox Life

Ново на Fox Life

Хумористичната серија „Don’t Trust The Bitch in Apartment 23“ од 1. октомври во 22.00 часот на Fox Life.

 

 

Синопсис:

Откако наивните соништа на девојката од средниот запад се искршени уште по првата недела во Њу Јорк, таа се наоѓа себеси живеејќи го најлошиот кошмар во оваа смешна, современа комедија за чуден женски пар кој е опкружен со подмолни ликови.

Џун (Дрима Вокер), се преселува во Менхетен добивајќи ја работата од нејзините сништа и совршениот компаниски апартман, и сето тоа исчезнува во само една милисекунда, благодарение на проневерата која ја прави нејзиниот извршен компаниски функционер. Длабоко во долгови и надвор на улиците, Џун бара работа и место за живеење. Се чини дека сепак и’ се насменува среќата кога ќе биде вработена во продавница за кафе и ја наоѓа Клои (Кристен Ритер), која е шармантна, весела цимерка… со морал на пират. Таа ја измамува Џун крадејќи и ги сите заштеди, но заедно со нејзиниот измамнички пријател, Џејмс Ван Дер Бик (играјќи се самиот себе), наскоро дознаваат дека тоа што Џун е наивна, не значи и дека е глупава. Џун досетливо и’ враќа со речиси еднаков потег на Клои, која е толку шокирана бидејќи е измамена што одлучува да ја прими Џун во нејзината група на пријатели. Секако, се’ е дисфункционално, бизарно и несреќно, но таков е и самиот Њу Јорк. А, со помошта на Клои и нејзините чудаци околу неа, Џун можеби ќе успее да ги научи тајните на преживувањето кои ќе и бидат потребни таму.

 

 

Во главните улоги: Krysten Ritter, Dreama Walker, Eric André, Michael Blaiklock, James Van Der Beek.
Сценаристи: Nahnatchka Kahn (креатор)
Продуценти: Nahnatchka Kahn, Jason Winer, Dave Hemingson, Jeff Morton
Режисер: Jason Winer

 

 

 

 

Losteech | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!