Почетна / Филм / Филмовите за Тарзан, Петар Пан и кунг-фу мајсторот, оваа седмица на Телма

Филмовите за Тарзан, Петар Пан и кунг-фу мајсторот, оваа седмица на Телма

недела (12 јули 2020), 22.15 часот – The Colony (2015)

Дејствието на приказната се одвива во Чиле 1973 година и раскажува за очајна потрага на една млада жена по нејзиното момче кое е грабнато и одведено во злогласната колонија Дигнидад. Од оваа секта никој никогаш не побегнал. Драмата е базирана на вистинита приказна

понеделник (13 јули 2020), 19.15 часот – Pan (2015)

Од режисерот Џо Рајт („Помирување“, „Гордост и предрасуда“) ќе гледаме целосно оригинална авантура за почетоците на омилените ликови создадени од Џ. М. Бери.
Приказна за младиот сирак кој побегнува во магичното место познато како Недојдија. Таму, тој ги открива сите забави и ризици, како и неговата судбина – да стане херој, кој засекогаш ќе биде познат како Петар Пан.

понеделник (13 јули 2020), 23.10 часот – Lies we tell (2017)

По смртта на својот шеф Деми, возачот Доналд има последна задача, да ги уништи сите траги од љубовницата на Деми. Некогаш помеѓу довербата и предавството, помеѓу семејството и слободата, стојат лагите кои ги кажуваме.

вторник (14 јули), 19.15 часот – The legend of Tarzan (2016)

Поминале години од кога мажот познат како Тарзан ја напуштил џунглата во Африка за раскошен живот како Џон Клејтон III, Кралот Грејсток, со неговата сакана сопруга покрај него, Џејн. Сега, тој е повикан назад во Конго да служи како трговски пратеник во Собранието, не знаејќи дека тој е пион во смртоносна конвергенција на алчност и одмазда, испланиран од страна на белгиецот, Капетан Леон Ром. Но, оние што стојат зад убиствена заговор немаат идеја што ќе ослободат.

вторник (14 јули 2020), 23.10 часот – The Accountant (2016)

Кристијан Вулф е математички научник со повеќе афинитети кон броевите отколку кон луѓето. Зад прикривањето на канцелариски КПД во еден мал град, тој работи како независен сметководител за некои од најопасните криминални организации во светот. Ben Affleck, J.K. Simmons, Anna Kendrick, Jon Bernthal и John Lithgow во американски трилер.

среда (15 јули 2020), 01 часот по полноќ – La grande bellezza (2013)

„Големата убавина“ е визуелно спектакуларен филм во кој се насетуваат моменти од класичните дела на Федерико Фелини. Новиот проект на Паоло Сорентино беше ентузијастички прифатен од фестивалската публика и од критичарите. Рецензентката на „Њујорк тајмс“ филмот го нарече „невообичаено забавна халуцинација“, а според „Варајети“ се работи за „неверојатна кинематографска гозба“.

четврток (16 јули 2020), 23.10 часот – The Grandmaster (2013)

„Великиот мајстор“ е епска драма инспирирана од животот на кунг фу мајсторот, Ип Ман. Приказната опфаќа бурен период од републиканската ера која ја следеше падот на последната кинеска династија, време на хаос, раздор и војна, што е и златно доба на кинеските воени вештини. Драмата беше номинирана за две награди „Оскар“.

петок (17 јули 2020), 22.15 часот – Flashback of a fool (2008)

Холивудската ѕвезда Џои живее хедонистички во оваа британска драма. Смртта на неговиот најдобар пријател од детството ќе му ги врати сите спомени назад, неговото соочување со старите стравови и чувството на вина.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!