Почетна / Филм / Драми и комедии за опуштање секој ден во летното кино на МРТ 1

Драми и комедии за опуштање секој ден во летното кино на МРТ 1

Летно кино на МРТ 1. Секој ден во 21 часот.

Понеделник (18 август) во летното кино на МРТ ќе гледаме музичко-биографска драма во чиј центар е Брајан Вилсон, исклучителен музичар чија музика дефинираше цела генерација. Ќе го откриеме хаосот, лудилото и неверојатната приказна зад овој музички гениј.

Во вторник ќе следиме романтична комедија за девојката без самодоверба, а во среда – животна приказна по сценарио на познатиот британски автор Ник Хорнби („Висока верност“, „За едно момче“), каде оскаровката Ема Томпсон, Оливија Вилијамс, Кери Малиган, Питер Сарсгард и Алфред Молина се појавуваат во главните улоги.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарец на Телма за животот и ритуалите на островите Рјукју

Цукаса, свештенички од островите Јаејама – сабота, 20 јуни 2026 – 17:20 часот На островите …

error: Содржината е заштитена!