Почетна / МК Сцена / Кој се ќе настапи на концертот во Охрид

Кој се ќе настапи на концертот во Охрид

1 август, епицентарот на случувањата е во Охрид – концерт на Цеца, шоу на Вока пипл и сет на Дени Танглија

 

 

Утревечер (1 август), Охрид ќе го посетат големи имиња од светот на музиката и шоу бизнисот, а прогнозите се дека градот ќе го достигне и врвот по посетеност од туристи за оваа сезона.

Во рамки на програмата на Охридско Лето 2014, утре (петок 1. Август) со почеток во 20:30 часот на сцената на “Антички Театар” во Охрид гостува “Вока пипл” (The VOCA PEOPLE) – сензационалниот перформанс на музичката комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци.

За прв пат во Македонија, пред публиката на Охридско Лето, „ВОКА ПИПЛ“ утре ќе го претстават своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство. Тие на сцената презентираат нови музички аранжмани и нивна уникатна примена користејќи повеќе од 70 најпознати хитови, песни и мелодии на сите времиња. За себе велат дека се вонземјани кои потекнуваат од далечната планета „Вока“ на која главниот начин на комуникација не е говорот, туку пеењето, звуците и вокалната експресија. Нивното мото е „Животот е музика и музиката е живот“. Со впечатлив изглед во комплетно бели костуми, со исклучок на нивните црвени усни, тие патуваат низ вселената во нивниот вселенски брод кој е придвижуван единствено од моќта на музиката и не случајно пристигнуваат на планетата Земја.

 

 

На плажата Парк во Охрид се случува Грин бич фестивалот. Грандиозниот електро денс фестивал е во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, а веќе по петти пат со својата програма се вбројува во една од дестинациите на светската диџеј елита. Оваа година, како свој хедлајнер и за прв пат во Македонија, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ конечно има чест да го угости легендарниот ДЕНИ ТЕНАГЛИА (DANNY TENAGLIA) – најдобриот њујоршки диџеј со повеќе од 200 продукциски изданија зад себе. Греми номинираниот диџеј и авторот зад култните „Be Yourslef“ забави кои се прогласени за едни од најдобрите во светот е познат поддржувач на долгите сетови кои знаат да траат дури и по девет часа, а токму поради таа причина во последните години избегнува да сними било какво комерцијално це-де издание. Овој великан со кариера која трае повеќе од три децении, доаѓа во Охрид токму со еден од ваквите сетови, со кој дефинитивно ќе му даде нова димензија на незаборавниот провод на Грин Бич фестивал со гаранција дека и ова издание на фестивалот ќе ја одбележи најдобрата електро-денс забава годинава.

А пак, љубителите на балканската музика ќе уживаат во големиот концерт на фолк дивата Цеца. Концерт на отворено на стадионот Билјанини извори, организиран превоз за сите посетители на настанот, спектакл со најголемите хитови на ѕвездата кој почнува во 21 часот и 30 минути. Од Београд, до Доказ, Ја још спавам на твојој маици, Кукавица па се до Лепи громе, Манта, Да раскинем са њом, Позив и Име и презиме.

 

 

Охрид утре ќе грми од музика, а на кој настан вие ќе присуствувате, зависи само од вашиот вкус за музика и добра забава.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …