Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #034 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #034 | ARDIENTE PASIÓN

 

34то продолжение

 

Додека Тристан Фуего ја прославуваше својата слобода и враќањето на работното место, со своите пријатели и колеги во меаната, Јулиса се врати од работа разочарана што Тристан така лесно ја заменил со Дамијана Фуентес. Нејзината тага не можеше да избегне од острите и мудри очи на Магдалена.

–          Што ти се случува, девојче мое? Не си своја во последно време.

–          Ништо, мамо, само сум изморена.

–          Знаеш дека мене не можеш да ме прелажеш.

Јулиса го подигна погледот. Очите и се наполнија со солзи кога со тешко срце и грутка во грлото изговори;

–          Тристан има друга, мамо.

–          Дали си сигурна?, – зачудено праша Магдалена.

–          Самата ја видов кога отидов кај него дома. Излезе во баде мантил додека тој се тушираше.

–          Која е?

–          Дамијана Фуентес, внуката на Вадо. Тристан е со таа жена а јас умирам од љубомора. Ми доаѓа да му се јавам на Ектор Фалкон и да му кажам дека ќе му се предадам со цело тело само да го заборавам Тристан!

–          Не смееш да се предадеш на друг само затоа што чувствуваш бес кон едниот, – ја советуваше мудрата Магдалена. – Не го предизвикувај ѓаволот само затоа што си бесна.

–          Решена сум да продолжам со животот како што продолжи и тој, мајко! Ако Тристан е среќен со Дамијана Фуентес и јас ќе бидам со Ектор Фуего!

 

Саграрио беше принудена да се врати на својата стара работа во вилата на Вадо и покрај сите навалувања и инсистирања од страна на Ектор да не го прави тоа. Саграрио имаше добра причина да се врати – Вадо ја уценуваше дека во спортивно ќе му го загорчи животот на Тристан. Но за време на првото служење на семејниот неделен ручек, дојде до нов инцидент во трпезаријата. Ектор инсистираше пред Вадо да ја отпушти Саграрио.

–          Не разбирам зошто ја држиш готвачката кога е неспретна. Зошто не ја отуштиш?

–          Бидејки готви добро а во денешно време тешко се наоѓа готвачка.

–          Тогаш не разбирам зошто служи. Нејзината работа е во кујната, не во трпезаријата.

–          Јас не разбирам зошто толку ти пречи нејзиноо служење, Ектор, – избувна Вадо во свој стил. – Наместо да се опседнуваш со готвачката, погрижи се Јулиса да се појави утре на забавата.

–          Оставете ми го тоа на мене, дон Вадо.

–          Јас ти оставам на тебе, но ти не правиш ништо за да ја придобиеш ќерката на Магдалена!

–          Со ваша дозвола, ќе одам да се преслечам, – рече Ектор и стана од трпезариската маса не можејки да ги слуша повеќе зборовите на неговиот потатко за тоа колку не е способен за придобие жена.

–          Матакан!, – дон Вадо го повика својот верен слуга кој секогаш стоеше на одредена негова близина. – Утре сабајле сакам да ми ја донесеш Дамијана. Живее во пондилата кај оној рудар Тристан.

 

Заповеста на Вадо беше наредба за Матакан. Рано наредното утро ја доведе Дамијана пред Вадо во вилата.

–          Сите надвор!, – Вадо ја истера послгата кога ја виде внуката пред себе.  – Исото важи и за тебе, Матакан.

–          Ме истера од оваа куќа а сега ме враќаш назад?, – иронично праша Дамијана.

Вадо ја игнорираше нејзината забелешка. Немаше време да се расправа со неа. Ја имаше доведено со причина.

–          Отсекогаш сум знаел дека си пропалица како и твојот татко, Дамијана, а сега ми го докажа тоа. Живееш со рудар!

–          Тристан беше единствениот кој ми подаде рака кога немав каде.

–          Мене не ми е грижа со кого и каде спиеш. Сакав да те информирам дека утре во вилата се подготвува голема фешта. Сакам да бидеш дел од неа заедно со твојот рудар.

–          Не под разно нема да го доведам Тристан овде. Нема да дозволам да го понижуваш.

–          Мислам дека не ме разбра. Ти наредувам да го доведеш рударот овде!

–          Немам зошто повеќе да ги исполнувам твоите наредби.

–          Можеби веќе не живееш под мој кров но живееш во градот кој го поседувам. Малиналко е мој град и не ме предизвикувај да не направам питачка од тебе!

–          Со мене можеш да правиш што сакаш но не и со Тристан. Зошто толку многу сакаш да го доведам?

–          Бидејки твојот рудар го познаваше добро стариот Мелчор. Можеби стариот му кажал некој тајни на Тристан кој ги знае за мене.

–          Сега ми е јасно, – иронично се намсевна Дамијана. – Во ред, ќе го доведам Тристан утре на твојата фамозна фешта, но имам цена.

–          Ќе ти платам добро, не бери гајле.

–          Секако дека ќе ми платиш, вујче.

 

Тоа утро, по целовечрното славење во меаната, Тристан и Хосе Гвадалупе се упатија кон својите работни места во рудникот за злато.  Ведрината од лицето на Тристан исчезна од неговото лице кога пред бараката забележа како Ектор излегува од автомобилот со Јулиса. Кога го здогледа, Јулиса пријде до Тристан и искрено му се насмевна.

–          Ме радува твоето враќање, – рече подавајки му ја раката за поздрав.

–          Мило ми е што те гледам, Јулиса.

–          Да одиме, шефе, – Хосе Гвадалупе му се обрати на Тристан. – Немаме што да муабетиме со луѓето кои не гледаат од високо.

–          Биди љубезен кон мојата асистентка, Хосе Гвадалупе!, – остро го предупреди Ектор. – Тристан, иако не ми веруваш, сакам да знаеш дека и јас се радувам на твоето враќање во рудникот.

–          Се вратив бидејки сум невин и сакам да дознаам кој е виновен за несреќата како и за смртта на Мелчор. Тој што е замешан, скапо ќе плати за своето злодело, – низ заби процеди Тристан.

–          Ме гледаш мене како јас да сум виновен, – додаде Ектор. – Те вратив назад на работа бидејки сакам да ги подобриме односите.

–          Хосе Гвадалупе, почни со работа, веднаш ќе дојдам, – Тристан му рече на својот пријател и колега. Не сакаше пред него да зборува со инжењерот Фалкон.

–          Не сакам да војуваме поради смртта на Мелчор Рентеира, – рече Ектор. – Се докажа твојата невиност и треба да се задоволиш со тоа.

–          Тоа не ми е доволно.

–          Тристан, те молам врати се на работа, – го замоли Јулиса.

–          Дали тоа е ваша наредба, госпоѓице?, – ја праша цинично. – Само што стана асистентка а веќе се однесуваш како газдарица!

–          Ектор, те молам дали може да не оставиш насамо со Тристан?

Ваквата молба вооптшо не му се допадна на Ектор. Но сепак мораше да го задоволи нејзиното барање.

–          За пет минути те чекам во канцеларија. Имаме доста работа, – ја потсети за што се дојдени и се упати кон бараката.

Кога Јулиса остана насамо со Тристан, го побара неговиот поглед но тој гледаше настрана.

–          Неа да ме погледнеш? Ме боли нашата разделба, Тристан. Не сфаќаш ли колку те љубам?

Ја погледна во очи. Во најубавите женски очи во кои гореше вулкан. Беше толку убава, но бесот и инаетот беа поголеми.

–          Ги знаеш моите услови, Јулиса. Додека работиш за Фалкон, никогаш нема да бидеме заедно.

–          Тоа е само работа, не биди тврдоглав. Ајде да заборавиме се што си кажавме. Ако ме љубиш, нема поента да бидеме разделени.

–          Не го сакам во твоја близна, разбери!

–          Ниту јас не ја сакам неа во твоја близна но сепак брзо ми најде замена, – му префлри таа со горчина.

–          За што зборуваш?

–          Не се прави луд. Зборувам за твојата нова девојка, Дамијана Фуентес!

–          Некој го спомна моето име?, – се слушна гласот на Дамијана која беше дојдена да ги собере своите работи од бараката.

–          Што бараш ти овде, Дамијана?, – ја праша Тристан.

–          Дојдов да те посетам и да ти кажам дека вечерва ќе те носам на специјална вечера во чест на тоа што и дозволи да престојувам во твојата куќа.

Љубомората ја населуваше душата на Јулиса.

–          Извинете ме, – рече кратко. – Имам работа, – додаде и потрча кон бараката каде што ја чекаше Ектор.

 

Додека работеа на докуменатацијата, Јулиса не можеше да се фокусира на работните задачи. Ектор ја забележа нејзината отсутност но не рече ништо. Одендаш пред нив се појави Дамијана.

–          Што бараш ти овде? Вадо те отпушти, – ја потсети Ектор.

–          Дојдов само да ти пренесам една убава вест. Ти и оваа бедничка, – покажа на Јулиса. – Можете да одите заедно утре на забавата во вилата. Го имаш мојот благослов, Ектор Фалкон. Повеќе ништо не ми значиш. Вујче ме покани на забвата и ќе присуствуам со човекот кој го љубам, Тристан Фуего!

Ваквите зборови како жар ја погодија Јулиса.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …