Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #031 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #031 | ARDIENTE PASIÓN


–          Боже мој, толку сум среќна!, – ликуваше Јулиса кога Саломон ја извести дека Трстан се враќа на старата работна позиција.

–          Одам, – и рече Саломон, подготвен да ја напушти канцеларијата. – Морам да му го дадам судското решение на Тристан.

–          Те молам, Саломон, дозволи ми јас да му го предадам. Сакам да го видам. Сакам да му го видам лицето кога ќе ја прими веста, – молеше девојката.

–          Секако, – се согласи Саломон уживајки во нејзината среќа.

 

Тоа претпладне, Тристан беше сам во куќата, кога слушна тропање на влезната врата. На негово големо изненадување пред него стоеше Дамијана.

–          Госпоѓице Дамијана. Од каде вие овде?

–          Немав каде да одам бидејки вујко одбива да ме врати дома, – отворено му призна Дамијана со влажни очи.

–          Влезете, не стоите надвор, госпоѓице – срдечно ја прими Тристан. Едноставно и беше благодарен за се што таа стори за него и ова беше начин да и врати.

–          Ќе влезам, но само под еден услов Трситан Фуего. Да не ме персираш.

–          Ќе се потрудам, – скромн рече тој нудејки и кафе или чај. Откако Дамијана му заблагодари и му рече дека не е жедна, пријде до него и рече;

–          Ти благодарам за се што напрваи за мене онаа вечер. Сакам да занеш дека во мене имаш верна и доживотна пријателка.

–          Ти благодарам…Дамијана. смеам ли да знам на што се должи вашата, пардон…твојата посета?

–          Мајка прифати да се врати во куќата на мојот вујко, но јас не можам. Се работи за чест. Не сакам да му должам ништо на тој човек.

–          Но тоа е твој дом, исто така. Не се откажувај толку лесно.

–          Се што верував дека е мое го носи печатот на големиот Вадо Фалкон. Останав на улица и немам засолниште. Дали ти е јасно зошто затропав на твојата врата?

–          Мојот пријател и колега од рудникот, Хосе Гвадалупе може да ти најде преноќиште. Некој пансион, или…

–          Не разбираш, Тристан. Јас немам пари за да платам нешто такво. О боже, какво е ова понижување.

–          Не, Дамијана, не е срамно да се нем пари.

–          Не можам да го поднесам овој срам, – додаде таа криејки го лицето со своите нежни прсти. –  Те молам, Тристан, не ме оставај сама, не ме оставај на улица. Имај милост и помогни ми. Дозволи ми да останам овде, барем на неколку денови.

 

Саграрио не можеше да го поднесе теретот да дели ист кров со својот син Сантијаго а да биде така третирана од него. Освен тоа, понжувањата од страна на дон Вадо, како чистењето на чевлите ја минаа секоја граница. Готвачката одлучи да и ја соопшти својата одлука на домарката Мистика.

–          Мистика, решив да си одам од оваа куќа. Со овој ручек, завршува мојата задача како готвачка во куќава.

Мистика ликуваше. Не криеше дека Саграрио некогаш и била драга.

–          Одлуката е твоја, Саграрио. Ќе го известам дон Вадо и е те информирам за последната исплата.

–          Ви благодарам.

 

На Дамијана не и требаше многу и брзо се удоми во домот на Тристан. Во него гледаше одлучен млад маж кој може да му се спротистави на дон Вадо. Се беше заколнала дека ќе му се одмазди на својот вујко за сите понижување и ништо не можеше да ја спречи во истото.

Во меѓувреме, Јулиса слезе од такси возилото пред куќата на Сагарио. Ликуваше да го види изразот на лицето на Тристан кога лично ќе му соопшти дека ќе биде вратен во рудникот.

Затропа на вратата, но немаше одговор подолго време.

–          Тристан, јас сум, Јулиса. Ти носам добри вести.

Вратата ја отвори Дамијана со пешкир преку градите и на главата.

–          Госпоѓице Дамијана…Од каде вие овде?

–          Не е дека ти должам објаснување, но јас живеам овде од неодамна.

–          Не е можно…

–          Можно е. Тристан и јас во моментов заедно се капевме кога ти заѕвоне. Прославуваме за неговата слобода.

–          Тогаш, не би сакала да ви пречам, – рече Јулиса, не знаејки каде да се заврти. – Адвокатот Алкантар ми го даде ова да му го врачам на Тристан. Може да се врати во рудникот уште утре.

–          Ветувам дека ќе му ја соопштам оваа вест за време на ручекот кој ќе го имаме. Или порадо би сакала ти да му ја соопштиш вестта?

–          Не! Не би сакала. Сега извинете ме…

–          Ќе го известам дека си била тука, – ја поздрави Дамијана па ја тресна вратата по неа.

Откако се ослободи од Јулиса, Дамијана влезе во купатилот каде што се тушираше Тристан. Преку стаклото ја гледаше неговата идеална машка фигура. Тие силни раце и гради кои ја полудуваа од првиот миг кога го запозна. Ја слече фротирската наметка и влезе под водата во туш кабината со него.

–          Дамијана…

–          Шшш…,- го замолче спуштајки ги сввоите сензуални усни на неговите. Се љубеа долго и страсно додека млазот топла вода лизгаше по нивните тела.

Пред да стане свесен во каква мамка е, Тристан веќе се фати дека ужива во страсната игра на Дамијана. Но ја љубеше Јулиса, па дојде при себе пред да направи глупост.

–          Не Дамијана. Не знам како го сфаќаш ова, но те примив во оваа куќа само како моја пријателка. Јас не барам љубовница. Ти го нудам мојот дом, мојата подршка и помош, но  меѓу нас двајца никогаш нема да има ништо повеќе од пријателство. Моето срце и припаѓа само на една жена, а таа жена се вика Јулиса.

Ваквите зборови Дамијана ги прими како ладен туш.

–          Извини, Тристан. Можеби избрзав. Нема да се повтори, ветувам. Имам за ебе една убава вест и само сакав да ти ја пренесам на убав начин.  Стигна известување дека си вратен назад на работа во рудникот за злато.

–          Тоа значи дека се свесни за мојата невиност!, – ликуваше Тристан. – Пресреќен сум.

По овие зборови Тристан ја напушти бањата.

–          Ме одбиваш но наскоро ќе бидеш само мој, – низ намсевка помисли Дамијана, прегризувајки ја долната уста.

 

Откако Саграрио ја извести дека ја напушта работната позиција, Мистика веднаш појде да го извести дон Вадо.

–          Готвачката само што даде отказ. Како една од причините го наведе понижувањето кое и го приредивте пред инжењерот.

На Вадо не му се допадна она што го слушна.

–          Ќе мора да се врати! Потребна ми е овде!

–          Сакате да и јавам да се врати?, – праша Мистика.

–          Премногу си тажна поради тоа што сакам да се врати, – цинично забележа Вадо. – Нека ја извести Матакан. Сега остави ме сам.

Мистика покорно се поклони пред газдата и замина од просторијата. По кратко влезе Матакан.

–          Матакан, доведи ја Саграрио Фуего назад во куќава, макар и со сила!

–          Што се случило со неа?

–          Дала отказ од работа, а простата Мистика не ја спречила. Нема да и дозволам да си оди од оваа куќа додека не попушти и не признае дека Ектор е нејзин син. Горчливи солзи ќе лее таа жена. Таа и нејзиниот Тристан ќе страдаат како никој до сега. Оди сега!

 

Кристела, една од најдобрите пријателки на Јулиса, го помина тоа попладне со Лучо. Девојката беше свесна дека Лучо ја допаѓа веќе со месеци. Тој беше презгоден поренешен морнар, со преубави сетли очи. Бешелесно за секоја жена да се заљуби во такво момче, но не и за неа.

–          Се сеќавам кога те сретнав прв пат. Беше птотуку доселена во пансионот на доња Магдалена. Уште тој ден знаев дека ти си жената на мојот живот, Кристела.

–          Лучо, не зборувај така. Не сега. Ајде да одиме да се возиме на панорамата…

–          Секој пат кога ќе решам да зборувам за моите чувства, ме одбиваш. За тебе никогаш не е време, Кристела. Но јас имам право да се исповедам. Да ти кажам колку ми значиш и колку сакам да бидам со тебе. Погледни ме…

Ја повлече нежно за раката и виде бол и солзи во нејзините очи.

–          Кристела, што се случува? Зошто солзи?

–          Лучо, ти си најпрекрасниот маж кој сум го запознала во животот, но…Јас не сум девојка која ти доликува.

–          Постојано го велиш тоа и не те разбирам. Објасни ми. Зошто мислиш дека не ми доликуваш?

–          Дали си подготвен да ј ачуеш моата вистина, Лучо? Она што малкумина го знаат за мене.

 

 

Матакан веднаш ја прими наредбата на својот газда. По кратко, во библиотеката на дон Вадо влезе Ектор.

–          Ектор, баш ти ми требаше, синко. Не ми кажа како Јулиса ги прими подароците.

–          Јулиса одби да ги прими вашите подароци, дон Вадо. Ми ја врати кутијата со облека и накит.

–          Сигурен сум дека Магдалена има голем удел во таа одлука, – бесно процеди Вадо.

–          Во секој случај, не требало да и праќате подароци во мое име. Така ја губам репутацијата која ја имам кај таа девојка. Ве молам, следниот пат да се консултирате со мене кога ќе се одлучите за нешто такво. Знам како да ја освојам љубовта на Јулиса и не ми треба помош. Од она што го научив за неа е дека не може да се купи со скапа, брендирана облека ниту накит.

Ваквите зборови не му се допаднаа на дон Вадо.

–          Тогаш прејди на дела! Искористи го својот шарм и изглед и натерај ја да се појави овде на забавата! Ако не го сториш ти тоа, јас ќе го сторам!

 

Кристела и Лучо седнаа во барот близу панаѓурот. Порачаа сладолед и вода. Кристела нервозно ја вртеше лажицата низ чинијата, без да го гледа во очи соговорникот, почна полека да ја отвара својата ранета душа.

–          Пред четири години, на една забава во еден ноќен клуб запознав едно момче. Ми се допадна и почнавме да флертуваме. Кога сфатив колку е пијан, решив да ја прекинам играта, но беше предоцна…Не знаеше да прифати не како одговор. Ме одвлече во тоалетот и…

Кристела не можеше да продолжи да говори бидејки солзите лиеа од нејзините очи. Лучо ја зеде нејзината рака која нервозно трепереше, давајки и кураж да продолжи.

–          Почна да ме соблекува. Не успеав да го отргнам од мене и ме направи своја против моја желба. Откако го направи тој грозен чин, му се заканив дека ќе го пријавам во полиција. Тогаш…Тогаш ми кажа да не се закачам со него, и ме претепа до смрт. Одвај останав жива. Не можејки да го поднесам тој терет и стравот дека ќе го сретнам повторно, побегнав  од Малиналко.

–          Кристела…Кристела, нема ништо срамно во тоа о ми го кажа. Не си сторила ништо лошо.

–          Не завршив, Лучо. Во Виљаермоса не можев да најдам работа. Со денови талкав по улица, прегладнета и без смештај. Тогаш решив да зработувам на најлесниот можен начин…како ескорт.

Одеднаш, Кристела почувствува како Лучо ја пвлекува својата топла дланка од нејзината. Со грутка во грлото, девојката продолжи да зборува.

–          Работев еден месец, и не можев да продолжам. Се вратив назад во Малиналко, но моите родители не ме примијда дома. Тогаш ја најдов Магдалена која ми ги отвори портите од нејзиниот дом со широки раце. Затоа не можам да бидам со тебе, Лучо. Не без да ја знаеш мојата приказна.

–          Подобро да си одиме, Кристела, – рече тој со спуштен поглед, го извади паричникот за да ја плати сметката и си заминаа без да проговорат збор до дома.

 

Матакан веднаш се упати кон скромниот дом на Саграрио. Жената нерадо ги отвори вратите од својот дом за верниот пес на дон Вадо.

–          Дон Вадо изврши наредбда да ве вратам во вилата по секоја цена.

–          Утрово дадов отказ и немам намера да се вратам во таа вила. Мистика е известена.

–          Мистика не е таа која донесува одлуки туку дон Вадо. Кога тој ќе донесе одлука, истаа мора да се спроведе. Сака веднаш да ве види назад во вилата.

–          Не можете да ме одведете со сила, Матакан…

–          Саграрио, немате спас.  Затоа е најпаметно да се качите со мене во автомобилот. Ако не ме послушате, последиците ќе ги трпите вие и вашиот син Тристан.

Понижена и уценета, Саграрио немаше друг избор освен да се врати во вилата.

 

Дон Вадо беше свесен дека единствен начин да дојде Јулиса во неговата куќа е со согласност на Магдалена. Лично дојде во пансионот Голондрина да разговара со неа.

–          Мило ми е што те гледам, Магдалена.

–          Излегувај од мојата куќа, демону!

–          Не си одам додека не ме сослушаш. Твојата ќерка не требало да го одбие подарокот од Ектор.

–          Секако дека може, – беснееше Магдалена. Не можеше да си поверува колкава дрскост има тој човек. – Мојата ќерка не е на продажба!

–          Не ме предизвикувај, Магдалена. Ако твојата ќерка го одбие уште еднаш Ектор, ќе ја уништам! Ќе ја уништам како што те уништив тебе!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …