Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нова сезона од најгледаното лиценцирано шоу „Сè или нешто“ на Сител

Нова сезона од најгледаното лиценцирано шоу „Сè или нешто“ на Сител

Сител телевизија е единствената национална телевизија која емитува домашни верзии на познати лиценцирани светски формати. И за оваа телевизиска сезона 2024/2025, телевизијата откупи лиценци за познатите светски формати чии нови сезони започнуваат овој месец.

Од 7 октомври (понеделник), веднаш по Брза кујна, следува премиерно новата сезона од „Сè или нешто“.

За потсетување – пријавувањето се врши исклучиво преку веб страната на телевизија Сител така што ќе го пополните прашалникот што го гледате на страната на квизот во делот кај Програма и на крајот ќе кликнете Submit.

Тоа е единствениот и наједноставниот начин за пријавување за учество во шоуто на Сител телевизија. Не праќајте никакви меилови ниту пак не се пријавувајте на ФБ страните на ТВ Пакет, Сител итн. Начинот е еден, преку пополнување на краткиот прашалник … само така влегувате во потесниот круг за да бидете одбрани.

Не праќајте никакви апликации преку меилови или ФБ страни !

Ви посакуваме среќа на сите кои планираат да се пријават и да ја испробаат својата среќа во новата сезона кај Лила! А сите останати, бидете на Сител во 17.50 часот со новата сезона од најгледаната телевизиска емисија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Код“ на Снежана Лупевска направи реконструкција на трагедијата

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани починаа 59 лица, а над 155 беа повредени. …

error: Содржината е заштитена!