Почетна / Филм / Психолошкиот трилер „Нус појави” во сабота ноќе на Телма

Психолошкиот трилер „Нус појави” во сабота ноќе на Телма

И покрај тоа што е повторно со нејзиниот сопруг, Емили Тејлор станува сериозно депресивна со емотивни епизоди и обиди за самоубиство. По разговорот нејзиниот претходен лекар, нејзиниот психијатар, Џонатан Бенкс, ѝ препишува експериментален нов лек наречен Абликса, но несаканите ефекти на лекот водат до тоа Емили да го убие својот сопруг, додека е во состојба на „месечарење“.

Емили се спогодува да биде затворена во ментална болница, кариерата на д-р Бенкс се распаѓа како и се околу него, а случајот изгледа решен. Сепак, д-р Бенкс не може да прифати целосна одговорност и почнува да истражува со цел да го расчисти своето име. Она што следи е мрачна потрага која се заканува дека ќе го распарчи она што останало од неговиот живот, дури и кога ќе ја открие ѓаволската вистина за оваа трагедија.

Сабота, 3 февруари, 22.15 часот, Телма телевизија, психолошки трилер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!