Почетна / Филм / Авантура, комедија и хорор во филмската новогодишна ноќ на МРТ 1

Авантура, комедија и хорор во филмската новогодишна ноќ на МРТ 1

По завршетокот на новогодишната програма од “Преспав”, по полноќ во првиот ден од новата година започнува филмската ноќ на МРТ 1.

30 минути по полноќ стартува “Аквамен”, извонредна акциска авантура на режисерот Џејмс Ван, која се одвива во непрегледниот и визуелно волшебен свет на седумте мориња со Џејсон Момоа во главната улога.

Филмот ја открива приказната за настанувањето на човекот хибрид, младиот Артур Кари, кој дознава дека е наследник на престолот на подводното кралство на Атлантида, во кое мора да се врати за да го спаси својот народ. За време на неговото патување тој ќе ја дознае вистината за себе, но ќе мора и да открие дали ја заслужува титулата крал, која ја наследил од раѓање.

По Аквамен, во 2.50 часот ќе се емитува комедијата  “Харолд и Кумар бегаат од Гвантанамо беј“.

Одмор од соништата се претвора во луда авантура преполна со урнебесни ситуации. По многубројните комични ситуации кои ги имаа во првиот дел, двајцата откачени корисници на марихуана тргнуваат во нова авантура. Тие сакаат да ги надмудрат властите од одделот за безбедност кои се сомневаат дека се терористи, во обид да шверцуваат наргиле на авионот за Амстердам.

Харолд и Кумар завршуваат како опасни терористи во затворот во Гвантанамо, со максимална безбедност. Но, не за долго време. Тие успеваат да побегнат и тргнуваат на патување низ целата земја за да ја исчистат правта од своето име и да ги освојат девојките од соништата.

И за крај на маратонот, хоророт “Калуѓерка” за сите оние кои останале будни доцна во ноќта.

Кога една млада калуѓерка умира во изолиран романски манастир, од Ватикан испраќаат двајца истражители да ја откријат нејзината смрт.

Ризикувајќи го не само својот живот, туку и верата и сопствената душа, двајцата се соочуваат со злонамерна сила во облик на истата демонска калуѓерка од „Претскажување 2“, а манастирот станува застрашувачко бојно поле меѓу живите и проколнатите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рока го менува светот“ инспириран од мотивите на Астрид Линдгрен

Фестивалот „Џифони Македонија“ ги поканува учениците од основно и средно образование што сакаат да учествуваат …

error: Содржината е заштитена!