Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Алсат со нова неделна кулинарска емисија „1001 оброк / 1001 ushqime“

Алсат со нова неделна кулинарска емисија „1001 оброк / 1001 ushqime“

Од неодамна, телевизија Алсат го емитува новото кулинарско шоу “1001 оброк”. Секоја недела во 15 часот и 15 минути, имаме можност да видиме интересен начин на приготвување на интересни и необични специјалитети.

Готвиме и потоа оброците ги подаруваме на интересни и несекојдневни места! Целта ни е да стингме до 1001 оброк до крајот на сезоната – велат од Котиледон продукција.

Марио Јовановски, Бранко и Теа се дел од водителските имиња на оваа ТВ емисија, кои досега подготвија бафало крилца, шведски и арапски јадења, словенечко пиле, виенска шницла, пиле на италијански начин, Киев пилешко, Алфредо паста и шведски ќофтиња, а што следно ќе приготви некој од нив, гледаме секоја недела на Алсат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 со отворена хуманитарна програма за настраданите од пожарот

Утре (четврток, 27 март), Канал 5 ТВ организира телетон хуманитарна ТВ програма за донирање на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!