Почетна / Забава / „Танц со ѕвездите“ забава во клуб Театро

„Танц со ѕвездите“ забава во клуб Театро

 

Забава со ѕвездите од втората сезона на „Танц со ѕвездите“ во Клуб Театро

 

Клуб Театро со гордост Ви го најавува гостувањето на натпреварувачите од втората сезона на најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите“ кои на Вашиот омилен подиум ќе изведат танцов перформанс.

 

 

На 28 март 2014 (петок) во Клуб Театро ќе се одржи спектакуларна забава по повод големото финале на втората сезона на најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите“. Танц со ѕвездите е шоу во вид на натпревар во танцување. Натпреварувачките парови се состојат од позната личност во пар со професионален танчар. Списокот на познати личности што се имаат натпреварувано во шоуто вклучува професионални спортисти и олимпијци, супермодели, актери, пејачи, астронаути и тинејџерски идоли. Секој пар изведува претходно утврдени танци и се натпреварува против другите парови борејќи се да добие поени од судиите и гласови од публиката. Секоја недела се елиминира оној пар чијшто вкупен учинок од судиските поени и гласовите од публиката е најмал, сè додека не остане само еден пар – шампионскиот.

 

Не пропуштајте да бидете дел од големата забава со ѕвездите и танчарите од втората сезона на „Танц со ѕвездите“ во Клуб Театро. Влезот е слободен.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Борче Наумовски – Министерот за естрада со тело како Роналдо

Секогаш уникатен, харизматичен и полн со изненадувања – Борче Наумовски, познат на јавноста како „Министерот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!