Почетна / Забава / Евровизија / Со оваа песна Тијана ќе не претставува на „Евровизија“

Со оваа песна Тијана ќе не претставува на „Евровизија“

 

Вечерва на Првиот канал на Македонската телевизија беше промовирана евровизиската песна со која што Тијана Дапчевиќ ќе ја претстави Македонија на престојната Евровизија. Песната се вика „Таму кај што припаѓам“, автори на музиката се Дарко Димитров и Лазе Цветковски, а текстот го напишаа Елена Ристеска и Дарко Димитров. Беа промовирани две верзии, македонска и англиска, но не се знае сеуште која ќе ја пее Тијана на големата сцена во Копенхаген.

 

 

– „Значи голема чест, големо задоволство, и воопшто чест што се претставува еден таков народ, јас не се претставувам себе си и песната, ја претставувам цела Македонија и сите што се во неа духот го претставувам, така што значи многу, за мене значи многу. Евровизијата е едно од погледаните, ако не и најгледано шоу после Олимпијадата“, изјави Тијана во шоуто на МРТ.

 

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата избрана песна за Евровизија 2025 е на македонски автор

Иако Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, нашите композитори пишуваат за …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!