Почетна / МК Сцена / С.А.Р.С. во сабота во „Лолипоп“, Куманово

С.А.Р.С. во сабота во „Лолипоп“, Куманово

 

Белградскиот рок бенд S.A.R.S во сабота ќе одржи концерт во Куманово, во клубот Лолипоп. Популарниот бенд пред македонската публика ќе го промовира новиот албум „Иконе поп културе“, кој е нивниот четврти по ред. Материјалот излезе пред еден месец и за три дена по бесплатната објава на интернет е спуштен 20.000 пати. На концертот ќе се пеат омилените хитови на S.A.R.S како Перспектива, Буџав лебац, То раде и други.

Влезниците во претпродажба чинат 200 денари, а на денот на настапот 250 денари. Во петок, Лолипоп најавува богата хип-хоп забава со диџеј Гоце Саф.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук

Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Волческа со најновиот сингл …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!