Почетна / Телевизија / Ни спорт, ни филмови, ни серии, ни квизови не останаа на ТВ 24

Ни спорт, ни филмови, ни серии, ни квизови не останаа на ТВ 24

Доколку ја посетите веб страницата на телевизија 24, ќе забележите наратив кој воопшто не одговара на сегашната состојба која гледачите ја восприемаат преку малите екрани. Имено, телевизијата во описот наведува:

“Започна како информативна телевизија, a во 2018 направи исчекор во форматот на телевизијата, по што следува ребрендирање од 24 Вести во Телевизија 24. Оттогаш, програмската шема претрпе измени.

Покрај вести, анализи, дебатни и магазински емисии, ТВ24 понуди и квалитени серии како „Андрија и Анѓелка” „Кујна”, „Преспав” како и играни филмови кои се движат во рангот на холивудски блокбастери, одлични остварувања од кинематографијата од шпанско говорно подрачје, наградувани европски филмови за оние со поспецифичен вкус и фамилијарни филмови.

Продолживме со нова серија од соседството со хумор добро познат на нашата публика – „Мамини Синови” , а, за подобро здравје решивме да се повикаме на „Д-р. Нанди“. Продолжувме со квалитетни серии од американско производство, како „Афера“, „Реј Донован“, „Медичи“ и италијанската „Прашање на чест“.

Започнавме и со спорт, добивајќи ги ексклузивните права за Формула 1 за Македонија, германската Бундес лига како и за фановите на борбените спортови – М1. Секако, свесни дека треба да се даде фокус и на детската програма, планираме да воведеме блок за деца. Се трудиме да сме во дослух со вкусовите на нашата публика и постојано сме во потрага по добра содржина. Промената која ја направивме ја прифатија нашите гледачи, па според тоа ТВ 24 се повеќе се наметнува како најчест избор на граѓаните.“

За жал, во моментов ништо од ваков тип на програма не се емитува на оваа телевизија. Ниту спортски атрактивни преноси, ниту филмови на ниво на холивудски блокбастери како што милуваат да кажат, а ниту пак серии од американско, италијанско, српско или руско производство.

Дали телевизијата се врати на своите првични подесувања и освен вести и информативна програма, не емитува скоро ништо друго?

Дали со ваква програма телевизијата ја заслужува довербата на гледачите и дали моменталната ТВ понуда е тоа што гледачите очекуваат од една современа телевизија во македонскиот етер?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 со бојкот на пресот на Бобан Авалон, ќе ја следат ли и другите ТВ ?

Канал 5 ќе го бојкотира денешниот прес од 13 часот на Бобан Авалон, и очекува …

error: Содржината е заштитена!