Почетна / Сапуници / Веселата романтична комедија „Комплицирана врска“ на Дизи каналот

Веселата романтична комедија „Комплицирана врска“ на Дизи каналот

Од понеделник до петок во 15.50 часот на кабловскиот специјализиран канал за турски серии Дизи ќе се емитува премиерно познатата романтична комедија “Комплицирана врска” (İlişki durumu: karışık).

Репризните изданија на епизодите се истиот ден на полноќ и наредниот ден во 06.50, 12.30 и 15.00 часот.

Ајшегул е млада, наивна и романтична девојка која сонува за вистинска љубов. По една измама останува без својот дом и се запознава со Џан Текин, познат актер, богат и самоуверен заводник.

Поради низа околности, двајцата склучуваат договор за лажен брак. Но Џан е вљубен во Елиф, која, пак, има чувства кон друг маж.

Така започнува комплицирана љубовна приказна во која лажниот брак постепено прераснува во вистински.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката од „Имотот на дамата“ во нова играна серија на Канал 5

Приказна исполнета со семејни тајни, љубомора, предавства и борба за моќ, во која потиснатите чувства …

error: Содржината е заштитена!