Почетна / Серии / На местото од „Попадија“, Алфа ќе ја репризира српската серија „Хотел“

На местото од „Попадија“, Алфа ќе ја репризира српската серија „Хотел“

Минатово лето на Алфа се емитуваше „Хотел со три ѕвездички“, најновата српска хумористична серија која ги следи авантурите на вработените во еден шармантен белградски хотел со три ѕвездички, чија иднина виси на конец. Сега, на местото од Попадија, овој ноември ќе се репризира Хотелот.

Кога новата сопственичка од Германија ќе најави дека планира да го продаде хотелот, неговите вработени решаваат да ги здружат силите и да направат сè што можат за да го спасат своето работно место, но и местото кое со текот на времето станало нивен втор дом. Нивната цел е хотелот да ги исполни условите за членство во Европската фамилија на хотели, а патот до таму е сè само не едноставен.

Статисти стануваат хотелски гости, собарки се претвораат во велнес-терапевтки, келнери стануваат готвачи, а дефектите и секојдневните проблеми се решаваат на најнеочекувани начини. Секоја епизода носи нови гости, нови предизвици и уште похаотични и комични ситуации.

„Хотел со три ѕвездички“, од понеделник до петок во 21.21 часот на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма репризи – на ред дојде реприза и на вестерн сагата „Јелоустоун“

Во 2013 година, Тејлор Шеридан почна да работи на нова серија, откако се умори од …

error: Содржината е заштитена!