Почетна / Серии / Шпионската политичка драма „Врска“ во ноќниот термин на Телма

Шпионската политичка драма „Врска“ во ноќниот термин на Телма

„Liaison“ (2023) е француско-британска шпионска серија со шест епизоди, во која главните улоги ги толкуваат Венсан Касел и Ева Грин.

Приказната следи серија опасни кибернапади врз британската инфраструктура, зад кои се крие меѓународен заговор поврзан со разузнавачки служби, политичари и моќни приватни компании. Францускиот таен оперативец Габриел Делаж и британската службеничка Алисон Роуди, кои некогаш биле во љубовна врска, повторно се среќаваат додека се обидуваат да ги откријат организаторите на нападите.

Нивната истрага ги води низ Лондон, Париз и Брисел, каде што се соочуваат со политичка корупција, предавства и тајни од минатото. Особено важна улога има мистериозната компанија Antropa, чии активности постепено откриваат дека опасноста не доаѓа само од надворешни непријатели.

Во меѓувреме, Алисон и Габриел мораат да се соочат и со тајните од нивното заедничко минато, кои се директно поврзани со сегашните настани. Како што се приближуваат до вистината, станува сè потешко да се разликува кој е сојузник, а кој предавник.

Од понеделник до четврток во 22.15 часот на Телма, започнувајќи од среда (4 ноември).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерите во Британија на бунт: Владата да го запре AI клонирањето!

Паралелно со правните битки во Азија, во Велика Британија се крена огромен бран на уметнички …

error: Содржината е заштитена!