Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Секој ден навечер во 22:30 часот по една различна емисија на Алфа

Секој ден навечер во 22:30 часот по една различна емисија на Алфа

Oсвен новиот концепт на дебатната емисија насловена како “Колегиум” која се емитува секој работен ден во 18.10 часот, на Алфа телевизија по блокот серии навечер се емитува секојдневно и по една емисија која повторно во центарот ги става политичко општествените случувања.

Понеделник, 22:30 часот – „Под лупа” е дебатна, аналитичка и истражувачка емисија во чиј фокус се актуелните општествено-политички збиднувања и економски состојби во Македонија.

Преку соочување на ставовите со политичари, аналитичари, експерти и новинари, емисијата нуди длабоки анализи за клучните теми и проблемите од секојдневниот живот на граѓаните.

Вторник, 22:30 часот – Емисијата „Заспиј ако можеш” ги носи најжешките и најважните политичко-општествени теми на малите екрани, нудејќи значајни к клучни анализи со актуелни гости во студиото.

Среда, 22:30 часот – „За македонските работи” е емисија која ја става во фокус Македонија преку реалните проблеми, политичките пресврти и општествените предизвици што го обликуваат нашето секојдневие.

Преку историски вистини и современи паралели, зачинети со бескомпромисни анализи и фокус на интересите на граѓаните, се отвораат теми за кои се бара критички став и вистински, трајни решенија.

Четврток, 22:30 часот – „Меѓу редови” е емисија која отвора нови поглавја за сè она што останува меѓу редовите на актуелните случувања. Отворени разговори и директни соочувања за работите кои досега ги немате слушнато и видено.

Петок, 22:30 часот –  „Вечерното шоу на Богдан Илиевски” е популарна општествено-политичкa емисија во која се анализираат актуелните случувања во Македонија преку разговори со политичари, новинари, аналитичари, историчари и јавни личности.

Воведниот уреднички коментар на почетокот на секоја емисија е препознатлив сегмент на шоуто и омилен меѓу публиката.

Сабота, 22:30 часот – „Поткаст” е емисија посветена на тоа каде и како се губат вистинските вредности и како да ги вратиме и зачуваме истите. Преку искрени разговори со ексклузивни гости, во емисијата се отвораат прашања кои досега ги немате слушнато.

Недела, 21:15 часот – Политичката емисија „Седмица” е неделен преглед на најважните теми кои ја одбележуваат седмицата.

Низ прецизната и остра призма на Коле Чашуле, емисијата носи длабоки, стручни и бескомпромисни коментари кои ја откриваат суштината на главните политички случувања.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнуваат „Звезде Гранда“ и „Никад није касно“ – дознајте од кога

Љубителите на музичките емисии на „Гранд“ нема уште долго да чекаат. Новата телевизиска сезона започнува …

error: Содржината е заштитена!