Почетна / Забава / Продолжен викенд со три дена забава во Аква Парк Пробиштип

Продолжен викенд со три дена забава во Аква Парк Пробиштип

Од 28 до 30 август, Аква Парк Пробиштип подготвува продолжен викенд исполнет со музика, водени предизвици и одлична забава за сите генерации.

Летото продолжува, а последниот викенд од август носи тридневна програма и уште една можност за освежување, дружење и незаборавни моменти покрај базените и тобоганите.

Во петок, на 28 август, посетителите ќе уживаат во диџеј-сетот на DJ Naste, кој ќе донесе одлична музика и вистинска летна атмосфера. Во сабота, на 29 август, следува забавната трка со фламингоси – воден предизвик исполнет со натпреварувачки дух, смеа и изненадувања, а за музиката ќе се погрижи Dj Tammy. Во недела, на 30 август, за доброто расположение ќе бидат задолжени DJ Bono, кои ќе приреди незаборавна дневна забава покрај базените и во нив.

Со повеќе од 20 водени атракции и содржини за сите возрасти, Аква Парк Пробиштип е вистинското место за бегство од високите температури и максимално искористување на последните денови од август.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, денеска, ќе се …

error: Содржината е заштитена!